Skip to main content

Таравари бара сите партии да излезат со посебни листи за локалните избори за да има поголема излезност

– Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците кој е дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска изјави дека во разговорите инсистирал сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи.

-Во преговорите сум инсистирал да имаме посебна листа како Алијансата за Албанците, но и другите партии, бидејќи мотивираме повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори. Но, ќе видиме, ќе направиме, рече тој.

Таравари истакна дека со лидерите од коалицијата Влен се во континуирана комуникација и оти имаат коректни односи. Потенцира дека се подготвуваат за локалните избори и очекува наскоро да излезат и на јавноста да им ги кажат ставовите

Поврзани вести