
Стоматолошка комора на Македонија соопшти дека веста оти министерот за здравство Азир Алиу ги доставил до Јавното обвинителство сите докази за сите нивни наводни неправилности ја примиле со одобрување
Тие посочуваат дека со таквата постапка конечно ќе има можност и нивните докази да стигнат пред непристрасна институција каде ќе можат да ги потврдат нивните тврдења за исправноста во работењето на Комората.
Исто така напоменуваме дека голем дел од доказите се веќе во ОЈО како пропратен материјал на кривичната пријава која Комората ја поднесе за Комисијата за надзор, врз основа на чиј извештај министерот постапи како што постапи, стои во соопштението од Стоматолошката комора.