
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе оствари средба со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата која изразува интерес за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра.
Како што информираа од владината прес-служба, во 17:30 часот премиерот Мицкоски ќе одржи заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата.