
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот Виктор Орбан.

Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.


