Skip to main content

Средба Мисајловски-Пирс во Лондон: Обединетото Кралство еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата

Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски кој е во работна посета на Обединетото Кралство, утрово се сретна со специјалната претставничка за Западен Балкан, дама Карен Пирс со која разговараше за стабилноста и безбедноста на регионот, геополитичките предизвици и развојот на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји.

„Обединетото Кралство го сметаме за еден од најсилните и најважните сојузници во Алијансата. Нашата одбранбена соработка е исклучително силна и видлива, особено преку големиот број заеднички активности и британската поддршка во развојот на одбраната и Армијата“, рече министерот.

Мисајловски се осврна и на регионалната безбедност, за која рече дека е „исклучително важна во време на сериозни геополитички предизвици“, потврдувајќи дека македонската Армија ќе продолжи да дава свој придонес во мисијата на НАТО на Косово, КФОР. „Како еден од столбовите на регионалната сигурност, остануваме целосно посветени на учеството на Армијата во оваа мисија“, потвр

Во рамки на посетата, министерот Мисајловски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински остварија средба и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, Гарет Томас со кого разговараа за можната идна соработка во доменот на наменското производство, имајќи ја предвид заедничката декларација од Самитот на НАТО во Хаг, каде сојузниците се обврзуваат да ја зајакнат соработката во доменот на одбранбената индустрија и развојот на нови и напредни технологии.

Во поддршка на оваа цел министерот Мисајловски оствари средби со повеќе владини органи во Агенцијата за извоз и финансирање на Владата на Обединетото Кралство кои работат на полето на сајбер безбедноста, финансирање и поддршка на проекти, развој на нови и напредни технологии во делот на одбранбената индустрија и во делот на набавките.

Поврзани вести