
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со шпанскиот амбасадор во земјава Рафаело Сориано Ортиз, на која биле разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина.
Како што соопшти Министерството, на средбата била истакната континуираната поддршка од Шпанската Влада за активности насочени кон заштита на природните вредности и унапредување на еколошките политики.
Министерот Хоџа ја нагласил и континуираната поддршка од Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Македонија, посочувајќи дека ова претставува значаен поттик за унапредување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди, особено во областа на животната средина.
-Посебен акцент беше ставен на значењето на шпанското искуство и добрите практики во креирањето и спроведувањето на еколошки политики, кои претставуваат корисна основа за натамошно унапредување на националните политики и зајакнување на институционалните капацитети, стои во соопштението на Министерството.
Оттаму дополнуваат дека соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за продолжување на соработката и интензивирање на размената на искуства, со цел примена на одржливи решенија и исполнување на меѓународните обврски на државата во областа на животната средина.

Македонски




