Skip to main content

Сиљановска-Давкова: Верувам во искрените заложби и активности за градење стабилен и просперитетен регион

Ми беше чест да присуствувам на свеченото одбележување на Денот на државноста на Република Србија и Денот на вооружените сили, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Ја потврдувам македонската посветеност на градењето цврсти добрососедски односи, засновани врз заемна почит, разбирање и соработка во духот на европските вредности и принципи.
Верувам во искрените заложби и активности за градење стабилен и просперитетен регион.
Посакувам и очекувам забрзани чекори кон Европската Унија, нашиот заеднички географски, историски и културен дом, потенцира во објавата.

Поврзани вести