Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Се потврдија тезите дека Заев е стопанот во СДСМ, а Филипче чиракот

Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДСM, велат во ВМРО-ДПМНЕ откако Зоран Заев вчера се појави на прославата на СДСМ.

Доколку СДС сака да се реформира и да биде главна опозиција во Македонија, мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев.Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДС, кој што како што гледаме нема намера да се промени.

Поврзани вести