Skip to main content
EfKq5c2H8mg
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Рубин Земон, човек на Заев и Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДСМ

Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски, .

Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС.

Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која шири Бугарска пропаганда во државава и лице кое има забрана за влез во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Ете овој човек соработува со СДС и Филипче токму преку човекот на Заев, Рубин Земон.

Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско.

Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда.

Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ.

Поврзани вести