
Ракометарите на Охрид се наоѓаат пред последната пречка до освојувањето на пехарот во ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник одигра одлична сезона во ова европско натпреварување и со девет победи и еден пораз (полуфинале од Цеље) стигнаа до двата финални дуели. Противник им е унгарската екипа Татабања, во чии редови настапува и македонскиот интернационалец Филип Талески.
Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ од вчера се во Татабања каде одржаа и тренинг, но охриѓани во пресрет на првиот финален дуел се соочуваат со проблеми со повредни ракометари, а хендикеп ќе биде отсуството пред сè на бековите Петриќ и Борозан.
Охридскиот клуб ја испишува клупската историја со финалето во европскиот куп.
Почетокот на денешниот натпревар е во 17 часот, а реваншот се игра на 31.мај во Охрид.

Македонски



