Skip to main content
-T1CqZDBGbo

Филипче преку Рубин Земон e во директна соработка со Виктор Стојанов

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија.

Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.  , преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера.

Поврзани вести