Skip to main content

Сончево со умерена облачност

Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 29 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.

Поврзани вести