
Момчињата од екипата на „Слога“ од Виница се победници на овогодишното издание на Меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ 2026 г., откако во финалето го совлада тимот на „Каменица Саса“ од Македонска Каменица со резултат од 4-2.
Третото место му припадна на тимот на домакинот и организатор, „Осогово“, чии фудбалери со убедлив резултат од 5-0 ја совлада екипата на „Борец“ од Велес, која завршија како последнопласирани на турнирот.
На годинашново издание на меморијалот „Драганица Куп“ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани настапија четири пионерски екипи, домаќинот ГФК “Осогово“ – Кочани, „Слога“ – Виница, „Каменица Саса“ од Македонска Каменица и „Борец“ – Велес.
Освен пехар за првите три пласирани тимови беа доделени и награди за најдобар голман, стрелец и играч на турнирот како и на судиите на турнирот.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Александар Димитровски од екипата на „Саса“, најдобар стрелец беше Виктор Јанев од ГФК „Осогово“ , додека епитетот најдобар играч на турнирот го понесе Андреј Атанасов од екипата на „Слога“ од Виница.
Турнирот се одржува од 2007 година во чест на една од најголемите кочански фудбалски легенди, Драган Михајлов-Драганица.

Македонски



