Skip to main content

Протестите во Албанија продолжуваат да се шират

Протестите во Албанија продолжуваат да се шират, а незадоволните граѓани влегоа во втора недела на демонстрации против владата на премиерот Еди Рама и големите инвестициски проекти на албанското крајбрежје.

Илјадници луѓе повторно се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, каде под слоганот „Револуција Фламинго“ побараа политичка одговорност и промени во управувањето со земјата.

Демонстрантите упатија пораки против актуелната власт, скандирајќи „Рама оставка“, а протестниот марш продолжи низ главните улици на престолнината. Организаторите велат дека движењето е резултат на незадоволството од состојбата во државата и барањето за поголема транспарентност.

Најголемо внимание привлече протестната акција кај селото Рјол, во близина на Велипоја, каде група демонстранти ги отстранија металните огради околу локацијата каде е планирано изградба на луксузен туристички комплекс.

Проектот се поврзува со инвестиции на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, а локалните жители се противат на изградбата тврдејќи дека земјиштето е спорно и дека може да се наруши природниот карактер на регионот.

Со албански знамиња и пароли, учесниците порачаа дека се противат на, како што велат, одлуки донесени без доволно почитување на интересите на локалното население.

Поврзани вести