Skip to main content

Протестите во Албанија влегоа во 70-ти ден

Протестот против владата и премиерот на Албанија, Еди Рама, влезе во 70-тиот ден. Граѓаните, откако тргнаа во марш од плоштадот „Скендербег“, се собраа пред зградата на Владата.

Маршот се одвиваше по булеварот „Маченици на нацијата“, а долж трасата и пред зградата на Владата се слушаа извици против власта.

„Рама, поднеси оставка!“, „Албанија бара револуција“, „Албанија не е на продажба“ и „Крајот дојде“ беа дел од слоганите што ги извикуваа демонстрантите.

На протестот беа истакнати и транспаренти со пораки како „70 дена, сè уште заедно“, „70 дена за Албанија“ и „Поднеси оставка, доста беше“.

Демонстрантите побараа и ослободување на лицата кои беа уапсени по тензиите во петокот.

Според организаторите, протестите првично започнале како спротивставување на проектот за изградба на туристички комплекс во Звернец, но подоцна добиле директен политички карактер.

Учесниците на протестот бараат политички и институционални промени, како и смена на Еди Рама од функцијата премиер. Чести се и повиците против опозицијата и целокупната политичка класа во земјата.

Граѓаните од протестот порачаа дека се решени да продолжат со отпорот.

Поврзани вести