Skip to main content

Трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград- има повредени

Најмалку пет луѓе се повредени откако трамвај претпладнево излета од шини во Белград и удри во зграда.

Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците на трамвајот се скршени, а дел седишта се искорнати.

Според податоците од Градското сообраќајно претпријатие (ГСП), во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот. Тој е префрлен во Ургентниот центар, изјави за Н1 Иван Банковиќ, претседател на Синдикатот на ГСП Центар.

Сè уште нема официјални информации за причината за несреќата – не е познато дали станува збор за инфраструктурен проблем или несреќата е предизвикана од човечки фактор.

Поврзани вести