
– Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е кокаин. Додека, при преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени оружје, муниција и други делови од полициска опрема, за кои постои сомнение дека неовластено ги поседувал, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава

Македонски



