Skip to main content

Професорот Груби доби отказ од универзитет поради неразумно отсуство

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство без да даде појаснување.

„Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет“, изјави Сафет Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари вели дека според Законот за работни односи ангажманот мора да се прекине доколку има тужба против вработениот.

Според него, прекинот треба да биде привремен до објавување на конечната одлука на судот. Работникот може да замине и на неоправдано отсуство.

Поврзани вести