
По неколкугодишна пауза, денес во Прилеп повторно се одржа Детскиот карневал, како дел од традиционалниот Меѓународен карневал Прочка 2026.
Малите маскирани учесници, исполнети со креативност и радост, ја започнаа својата поворка од дворот на основното училиште „Кочо Рацин“, од каде што продолжија низ прилепската чаршија. Карневалската атмосфера кулминираше на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде децата ги претставија своите маски и настапи пред бројната публика.
Со шаренило од бои, уникатни костими и насмевки, најмладите уште еднаш покажаа дека духот на Прочка живее и се пренесува од генерација на генерација.
Детскиот карневал го означи почетокот на годинашното издание на Меѓународниот карневал Прочка 2026, кој и оваа година ветува богата програма и многу посетители.
Видео: Инфо компас

Македонски



