Skip to main content

Перински: Министерството за локална самоуправа активно ја поддржува реформата на јавната администрација

Влада

Министерството за локална самоуправа активно ја поддржува реформата на јавната администрација, информира ресорниот министер Златко Перински.

Во периодот што следи фокусирани ќе бидеме на идентификување на факторите кои ќе влијаат на зголемување на довербата во локалните власти, а преку измените во Законот за локална самоуправа, ќе воведеме механизми за зајакнување на меѓуопштинската соработка која е клучна за подобро управување со ресурсите, потенцира Перински и додава:

Со ова, ќе ги исполниме препораките од мониторингот од мисијата за оценка на СИГМА од 2024 година за нашата земја, мисија која е заедничка иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија, чија главна цел е зајакнување на темелите за подобрено јавно управување, тврди Перински.

Поврзани вести