
За брзо време ќе има одговорност за трагедијата во Кочани. Одговорноста ќе биде и кривична и морална. Кога сме кај моралната прв тоа го стори градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов кој си поднесе оставка токму од морални причини.

Сега на ред е и кривичната одговорност а таму листата е поприлично долга. Од фалсификуваната лиценца за работа на дискотека, до сопствениците на објектот кој и не може да се нарече дискотека туку дупка.

Последната лиценца, како што откри Тошковски била фалсификат со оригинален печат и затоа некој дебело ќе одговара. Но, што е со лиценците ги добивале минатите години под истите услови. И тогаш како и на кобнииот ден објектот не ги исполнувал минималните стандарни за јавни собири.

Немало доволен број противпожарни апарати, само еден влез и излез, а и целиот објект, посебно таванот бил направен од лесно запаливи материјали. И на ова некој ставил потпис. T.e некој, точно се знае кој, тоа е дравниот сектетар во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Jaсно е дека секој што носел незаконски одлуки ,свесно или несвесно ќе се соочи со последиците и правдата. Толеранција за корупцијата нема да има.