Skip to main content

Обвинителството побара одземање на пасошот на Деспотовски, се води постапка за злоупотреба на службената положба

Скопското Обвинителство води претходна постапка за ексдиректорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Од Обвинителството информираа дека надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска доставил предлог за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост.

Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.

Поврзани вести