
Во изминативе една година и неколку месеци заеднички со еден тим којшто одлучно функционираше во општината работевме на реализација на бројни проекти, порача од митингот во Неготино потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и актуелен вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски.
Дел од тие проекти се реализирани, дел се реализираат, а најголемите се во тек на реализација. Овој плоштад на кој сме вечерва за брзо време почнува да се работи, во тек е тендерска постапка на него и очекувам општината во следните недели да избере изведувач за истиот, како би имале модерен плоштад кој ќе биде симбол за Неготино, истакна Николоски.
Николоски порача дека ниту едно населено место во Неготино не било заборавено, се работело на водоводни мрежи, канализациони системи, како и на улици и патишта.
Значајно е масовно да се излезе на 19 октомври, поканете ги сите кои ги знаат, да заокружат број 9 за Марија Нацева и за советот кој ќе ја поддржува градоначалничката за заедно со Владата да ги реализираме сите проекти кои ги ветуваме – додаде Николоски.