Skip to main content

Николоски: Владата инвестира над 1 милион евра за решавање отпадни води

Го решаваме деценискиот проблем со отпадните води во Трпејца. Владата преку Министерството за транспорт инвестира над 1 милион евра за изградба на колектор и станица за пречистување на отпадните води – за подобра животна средина, за чисто езеро, објави на својата Фејсбук страница вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Драго ми е што во Охрид ќе имаме локална власт која со градоначалникот Кирил Пецаков ќе го продолжиме растот и просперитет на Охрид и охриѓани.

Доаѓа време на нови проекти, на убави работи за нашиот Охрид, пишува Николоски во својата објава.

Поврзани вести