
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДС и ДУИ.
Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.
Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.
Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат“, рече Николоски.
Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.
Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.