Skip to main content

Независниот синдикат на одбраната бара зголемување на бодот за пресметка на плата, ревизија на бодовниот систем и решавање на статусот на професионалните војници

Зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија – се трите клучни барања што денеска ги соопшти Независниот синдикат на одбраната.

Барањата пред Министерството за одбрана ги соопшти претседателот на Синдикатот, Маријо Јуришиќ, кој истакна дека целта е платите да бидат автоматски поврзани со реалните економски индикатори, како што се инфлацијата и трошоците за живот.

Јуришиќ нагласи дека доколку барањата не бидат исполнети, Синдикатот ќе разговара за понатамошните чекори, но потенцира дека нивен приоритет остануваат дијалогот и отворената комуникација со надлежните институции.

Поврзани вести