Skip to main content

На избирачкото место во Раовиќ, во Општина Сарај никој не излегол да гласа

МИА

На избирачкото место 2444 – Раовиќ, сместено во Основното училиште во селото Раовиќ, општина Сарај, од вкупно 214 запишани избирачи – не гласал ниту еден.

Во општина Сарај, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, освои 446 гласа, односно 10,58%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, доби 3.589 гласа, или 85,15%.

Според 100% од обработените гласови за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски има освоено 95.572 гласа, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 61.475 гласа.

Поврзани вести