Skip to main content

МВР утре ќе ги тестира камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре на 25 јануари ќе ги тестира камерите од проектот „Безбеден град“ во Тетово и Куманово.

Тестирањето ќе трае од 8 до 20 часот, а на секоја локација каде има поставено камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути. Сообраќајот додека се спроведуваат активностите на конкретните локации ќе биде во прекин.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, апелираат од МВР.

Собранието вчера ги изгласа измените во Законот за за прекршоци, по што системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ стартува од 1 февруари.

Поврзани вести