
Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во наредните неколку дена како дел од делегација на Владата, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и генералниот секретар, Игор Јанушев, ќе присуствува на Молитвениот појадок во Вашингтон, САД кој се одржува секоја година во првиот четврток во февруари. 74th National Prayer Breakfast во Вашингтон – е традиционален настан што обединува политички лидери, верски заедници и претставници од целиот свет.
Посетата ќе ја искористиме и за средби со претставници на институции и организации од меѓународната заедница, насочени кон продлабочување и унапредување на соработката и отворање на нови можности за институционално партнерство. Како дел од предвидените средби во работната агенда во рамки на пошироката делегација, остваривме средба со Daniel Twining, претседател на ИРИ и Stephen Nix, виш директор за Европа и Евроазија, објави Перински на социјалните мрежи.
Главните теми на дискусија, како што вели Перински биле во насока на зајакнување на политичкиот дијалог, програми за унапредување на демократските процеси, можностите за продлабочување и отворање на нов простор за соработка.
ИРИ делува во Македонија преку својата регионална канцеларија во Белград, Србија и регионалната програма за поддршка на политички партии и политички процеси. Досега клучниот фокус на нивната поддршка во Македонија беше насочен кон иницирање и поддршка на антикорупциски и етички реформи, зајакнување на транспарентноста и капацитетите на политичките партии и владините кабинети преку стандарди, обуки и кодекси, како и спроведување истражувања на јавно мислење и програми за комуникации, кампањи и политики базирани на докази, додава Перински.

Македонски



