Skip to main content

Минчев до Циц: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ти!

МИА

„Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија? Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од ‘љубовта’ кон СДСМ?“, вели во обраќањето Горан Минчев, вториот човек на ЗНАМ, до Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.

Познанството на Минчев и Циц датира одамна. Во еден период од своите политички кариери двацата беа влијателни членови на некогаш моќниот СДСМ.

Минчев вели дека ќе се воздржи од коментар за тоа дали Циц се нудел на ЗНАМ, „од почит кон едни други времиња“.

Но, тој директно му се обраќа на некогашниот сопартиец:

Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!

Не го мешај Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш!

Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!“

Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.

Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации. Времето на старите политички трикови заврши!“, вели Минчев во обраќањето до Циц.

Поврзани вести