Skip to main content

Минчев: Денес го славиме придонесот, силата и истрајноста на жените во сите сфери на општеството

Министерот за јавна администрација Горан Минчев испрати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

-Честит 8 Март! Денес го славиме придонесот, силата и истрајноста на жените во сите сфери на општеството. Вашата посветеност, знаење и труд се темел на успешната јавна администрација и двигател на позитивните промени во нашата заедница. Нека овој ден биде потсетник за важноста на еднаквоста, почитта и можностите за секоја жена. Ви посакувам успех, среќа и инспирација во сите аспекти на животот, се вели во честитката од Минчев по повод 8 Март

Поврзани вести