Skip to main content

Мицкоски: Време е да ги скршиме ланците на неправдата и конечно да изградиме држава на правда

Фото: Принтскрин од видео

„Голема е честа да се биде во општина која го носи најсветлото име во нашата историја – Илинден. Името кое не е само датум од календарот туку симбол на борба, достоинство, идеал за слобода“.

Ова вечерва од Илинден го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Илинден е збор што значи отпор, истрајност и љубов кон татковината. Тоа е и наша обврска, да не дозволиме борбата на нашите претци да заврши само во книгите и спомениците туку да продолжиме преку дела, работа, преку создавање на подобра иднина за секој наш граѓанин. Тука во оваа општина се гледа духот на тој Илинден, духот на напредокот, духот на упорноста. Од мала земјоделска средина Илинден денес е општина на раст и развој, место каде се отвораат нови фабрики, место каде младите избираат да останат и да градат живот, порача Мицкоски.

Тој истакна дека моментот кој го чекале генерации е пред нас и порача дека сега е времето за ресет на системот.

-Време е да ги скршиме ланците на неправдата и конечно да изградиме држава на правда, слобода и држава која ќе се грижи за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо. Судии кои судат според закон, а не според партиски влијанија. Институции кои штитат, а не молчат. Процедури кои враќаат доверба, а не создаваат сомнеж, истакна премиерот и лидер на владејачката партија.

Мицкоски порача дека правдата не смее да биде привилегија на малкумина туку право на секој граѓанин – брза, достапна и ефикасна.

Поврзани вести