Skip to main content

Мицкоски: Во Дубаи ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори

Премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација престојуваше во Дубаи остварил повеќе средби и со компании разговарал за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија.

Даваме се за да обезбедиме иднина и просперитет за нашите граѓани. Ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори. Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој, објави Мицкоски на профилот на Фејсбук.

Премиерот Мицкоски се сретнал со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Eagle Hills, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди кој е директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

„Иналу Игл Хилс“ е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.

„Абу Даби развојниот холдинг“ од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.
Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег. Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.

Додека „Масдар“ е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција.
„Масдар“ е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција.

    Поврзани вести