
Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме – вели премиерот Христијан Мицкоски.
Тој нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат проблемите на граѓаните.
Проблеми има многу, и тоа проблеми што се создавани со децении, а ресурсите се ограничени поради лошото менаџирање на тие ресурси кога седум години влада беа СДСМ и ДУИ. Но во зависност од тие ресурси, ние тие проблеми ги решаваме и се трудиме да не создаваме нови. Тоа практично е нашата амбиција и цел како Влада и во таа насока и кон таа цел се движиме – рече премиерот во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.
Премиерот вели дека ВМРО- ДПМНЕ е секогаш подготвена да излезе на избори, но, како што нагласува, нивна цел е оваа година да се фокусираат на испораката поврзана со рефорската агенда, и тоа, како што нагласи, го прават.
Утрово, пред да дојдам овде, заедно со колегите од Владата имавме координативен митинг со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, и можам да кажам дека имавме исклучително добар состанок. Како резултат на тоа, ќе има испорака, која, од дното, повторно ќе кажам, кое го наследивме, ќе нè доведе до тоа да бидеме рамо до рамо со таканаречениот „фронтранер“ и тоа е добро. Ќе продолжиме во таа насока. Следната недела договоривме нов состанок затоа што извештајниот период, кој завршува на крајот на јуни, сакаме од 10, да се обидеме, како што денеска заклучивме дека сме многу блиску, да може да бидеме до 9 и пол, нешто што е 95 проценти. Тоа е нешто што никој не го направил. Очекувам и тоа да го реализираме како Влада – рече Мицкоски.
Тоа, вели, е една од причините зошто годинава како Влада велат дека се посветени на реформите.
Како Влада сме за тоа да имаме редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат пролетта 2028 година, но како ВМРО-ДПМНЕ, а и како Влада сме подготвени во секое време да имаме парламентарни избори и на тие избори да победиме, потенцира премиерот.

Македонски



