
Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите.
Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени – напиша македонскиот премиер, Христијан Мицкоски на својта фејсбук страница,
Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц, кој според првичните резултати е фаворит за следен канцелар на Германија, изрази подготвеност брзо да формира ефикасна влада, јави ДПА.