
Протестите се демократска алатка на изразување незадоволство. И јас сум нервозен, верувам дека сите сме незадоволни од сето тоа што се случува и тука не треба да имаме дилема, истакна премиерот Хртистијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за најавените протести.
Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Многу работи изминативе 9 месеци, откако е избрана оваа Влада, се решија. За многу работи оваа Влада беше браник да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. И токму тоа е за тие политички глодари проблем кој сакаат преку овие протести да добијат некој политички поен, па гледаат шанса. Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев затоа што уште многу работи пред нас останаа да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија кој што го имаме да исправиме нешто во име на идните генерации кои што доаѓаат, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека преку ноќ не може ништо да се направи.
Премиерот истакна дека ги разбира луѓето кои демократски протестираат, но не ги оправдува „политичките глодари и лешинари кои не сакаат силна влада на ВМРО-ДПМНЕ која е браникот кој нема да дозволи уништување на Македонија“.