
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави:
Па, да, јас кажав, ние успеваме веќе два месеци по ред да имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија. Во јули беше 2,3%, додека во Европската Унија беше 2,9%, во август беше 2,6%, а на ниво на Европската Унија е 3,3%. Се сеќавате пред четири години кога нѐ убедуваа дека инфлацијата којашто тогаш беше двоцифрена — 16, 17, 18% — дека е увезена од Европската Унија, гледате дека можело, кога се сака, кога се знае, можело да се направи нешто што е подобро од оттаму. Така што мора да веруваме во себе, да не веруваме во лаги и клевети на луѓе коишто самите се препознаваат како талог, жалам. И на такви луѓе коишто самите се препознаваат како талог, коишто сè уште држат прес-конференции, иако никој не ги именува и на отворена сцена плачат — бидејќи самите се препознаваат како талог — не треба да им се верува.“

Македонски


