Skip to main content

Мицкоски на средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Трамп и Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг

На свеченоста “Гласови на слободата“ организирана од компаниите ,,Трамп Медиа” и Рамбл, која се одржа по инаугурацијата, остварив средба со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша!

Поврзани вести