
Премиерот Христијан Мицкоски денес направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз.
Најпрвин благодарам на интересот на медиумите. Мислам дека претходните говорници зборуваа за деталите и важноста на самиот проект, јас би сакал само да им честитам на сите коишто се вклучени во овој проект, министерот за транспорт и потпретседател на Влада, директорите на македонски железници, директорот на македонска железница и инфраструктура на сите буквално коишто беа дел од овој проект, изјави Мицкоски.

Посочи дека проектите кои се спроведуваат ќе имаат позитивно влијание врз животната средина.
Ова што го кажа и новиот градоначалник на Град Скопје е многу важно затоа што на тој начин ќе се растерети гужвата малку со користењето на ова превозно средство, но и она што е уште поважно е што ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во воздухот, ова исто така има и еколошки позитивни ефекти.

Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време бидејќи ништо не е правено, но ова е еден од тие проекти коишто контрибуира и многу сум среќен и тоа што конечно го отпочнуваме БРТ системот, но треба да видиме малку околу проектот како сето тоа ќе биде замислено, а бидејќи ќе треба да се прави цел нов мост преку реката Вардар за да може сето тоа јакосно да се изнесе. Кога ќе ги заокружиме сите овие проекти сигурен сум дека ќе имаат позитивно влијание врз животната средина и ќе го намалат загадувањето во текот на целата година, бидејќи автомобилите се возат во текот на целата година и во текот на целата година тие емитуваат честички коишто влијаат негативно врз квалитетот на воздухот, тоа е многу важно барем тој сегмент, а во останатиот дел имаме тековни проекти коишто ги развиваме, изјави Мицкоски.
Мицкоски ги повика граѓаните кога сето ова ќе биде оперативно функционално да го користат за да сите ние имаме бенефит од сето тоа.

Македонски







