
Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила.
Тој во изјава за медиумите рече дека овие возила се во магацините повеќе од осум години, а по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа се променило.
Можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари која е веќе во тек. Сакам да се заблагодарам на сите кои што учествуваа во оваа активност, почнувајќи од подпретседателот Димовски, министрите Мисајловски и Тошковски, градоначалникот Јанчев и Стојанов, директорот на ДЗС… Сакам да кажам дека овие возила кои денес ги промовираме, беа повеќе од осум години запуштени и незапалени и можам да кажам дека на овој начин државата заштедува десетици милиони евра – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека оваа недела од сервис ќе пристигне и вториот авион кој служи за гаснење на пожарите, а до крајот на овој месец и третиот.