
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани на настан посветен на борбата против ракот на дојка, „Розов октомври“ најави поддршка за жените кои сакаат навреме да ги спречат последиците од болеста.
На градскиот плоштад, актуелниот градоначалник на општина Гостивар и кандидатот за нов мандат од Националната алијанса за интеграција и носителот на листата, Валдет Џафери разговараа со гостиварки и ја истакнаа важноста од подигањето на свеста кај жените за редовните здравствени прегледи
– Ја поздравувам оваа активност и таа има посебна симболика. Преку дистрибуција на информативни летоци, ги поттикнуваме жените да ги прават потребните прегледи на време. Превенцијата започнува со информации, изјави Лимани.
Кандидатот за градоначалник во оваа прилика ја претстави и една од клучните точки во неговата програма за здравствена заштита. Доколку повторно добие мандат, тој ќе се залага за доделување на ваучери за 150 бесплатни мамографски прегледи. Во рамки на неговите надлежности ќе помогне за набавка на мамограф во општата болница
– Освен што испраќаме порака за да ги потсетиме нашите сограѓанки дека превенцијата многу е важна, предвидуваме зголемување на бројот на ваучери за мамографски прегледи и ехо прегледи пред сè за социјално ранливите категории, кажа Лимани.