
Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, стои во партиското соопштение..
Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество.
Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот, се вели во партиското соопштение.

Македонски



