Skip to main content

Ќе се регулира работењето со брзи кредити: Многу скоро ќе излеземе со законско решение, најави Мицкоски

Запрашан од страна на новинарите, а во врска со експанзијата на фирмите кои што нудат брзи кредити, премиерот Христијам Мицкоски истакна дека за многу скоро ќе излезат со законско решение по однос на ова прашање.

Како Влада работиме на два проекти, едниот е новиот Закон за „Игри на среќа“ каде што ќе има огромни измени, а следне проект е токму ова што бие го кажавте (Брзи кредити), некако случајно до казината кои што ги гледаме, веднаш до нив никнуваат ваков тип на компании за брзи кредити. Дали е тоа случајност? Јас сум убеден дека не е. Најголемиот дел од грѓаните, односно дел од граѓаните кои во суштина имаат финансиски проблеми, а дел од нив одлучуваат да одат надвор од Македонија се токму тие кои што се корисници на ваков тип на услуги, така да многу внимателно госледиме процесот и многу скоро ќе излезиме со такво законско решение затоа што мислиме дека иднината не треба да биде во таа насока на една здрава нација и една здрава држава каква што амбицира да креира оваа Влада – изјави премиерот Мицкоски.

Поврзани вести