Skip to main content
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ

Како Трендафилов и Тренчевска го потпишаа колективниот договор

ССМ најавува блокади, а премиерот денеска седнува на маса со УПОЗ и КСС, а ваквиот состанок доаѓа по предлогот на Мицкоски за за зголемување на платите за 40 проценти во следните три години.

Но, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов е против ова зголемување на платите и најавува блокади во главниот град, но ајде да видиме зошто е тоа така?!

Имено според документите колективниот договор е потпишан на 18.07.2023 година, а Слободан Трендафилов е упишан во Централниот регистар како в.д Претседател на ССМ на 17.07.2023 година.

Согласно спроведениот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за труд на 23.06, неполн месец пред неговото именување биле регистрирани неправилности при измени на Статут на ССМ и избор на в.д Претседател на ССМ. Но и покрај ваквите неправилности тогашната министерка за труд и социјална политика, а денес потпретседател на СДСМ, Јована Тренчевска по неколку одбивања на истиот (читај преговори), наеднаш дозволила Трендафилов да биде упишан како претседател на ССМ.

Па оттука се поставуваат многу прашања!

1.Зошто не се почитувал инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за труд кој регистрирал неправилности?

2.Зошто се брзало токму Слободан Трендафилов да стане претседател на ССМ?

3. Зошто тогашната министерка Тренчевска, која денес е најгласна за почитување на законот, токму таа не почитувала инспекциски надзор на официјален орган на државата?

4. Одработува ли Трендафилов стари долгови кон СДСМ?

Поврзани вести