Skip to main content

Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град 

Кандидатот за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.

На самиот почеток Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.

Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.

Тој истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град. 

Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.

Поврзани вести