
Изложба на оригинални архивски документи беше отворена денеска во Градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, во рамките на одбележувањето на јубилејни 80 години самостојно постоење на оваа најстара културна институција во градот.
Изложбата на оригинални архивски документи, содржи повеќе документи, меѓу кои, документите што сведочат за постоењето на читалиштето во Ваташа од 1939 година, документите за основањето на библиотеката како самостојна установа, материјалите од првите пет години работа, појасни директорот Петар Гурев.

Тој истакна дека е навистина реткост што имаат оригинални документи.

Македонски







