Skip to main content

Излезност до 09:00 часот – највисока во Пробиштип, најниска во Сарај

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезноста до 09:00 часот изнесува 3,02 отсто

Рангираната графика прикажува топ 10 општини со највисока излезност (во жолта боја) и 10-те со најниска излезност (во сива боја).

Највисока излезност досега имаат Пробиштип (9.5%), Лозово (8.36%), Ранковце (8.12%) и Конче (7.37%), додека најниска е забележана во Сарај (0.72%), Чаир (1.09%), Дебар (1.45%) и Шуто Оризари (1.6%).

Според првичните бројки, источниот и југоисточниот дел на државата имаат повисока излезност во раните утрински часови, додека најголемите урбани центри, пред сè Скопје и Куманово, бележат послаб одзив на гласачите во првите часови од изборниот ден.

Излезност во скопските општини

Во главниот град, излезноста до 09:00 часот се движи меѓу 0.72% и 3.54%, што е под државниот просек.
Највисока излезност има во Кисела Вода (3.54%), по што следат Карпош (3.08%), Центар (2.84%) и Аеродром (2.78%).

Ниск одзив бележат Чаир (1.09%) и Сарај (0.72%), додека Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба се во интервал од 2.4% до 2.7%.

Според трендовите, урбаните општини имаат побавен старт на гласањето, а се очекува пораст на излезноста во текот на денот со отворањето на гласачките места со поголем број запишани избирачи.

Поврзани вести