Skip to main content

Нов Изборен законик може да се донесе и без СДСМ

Излегувањето на СДСМ од работните групи за Изборниот законик нема да ги наруши разговорите за ова прашање.Откако лидерот Венко Филипче вчера рече дека излегуваат од ова тело, разговорите денеска продолжуваат најнормално и без претставниците на СДСМ.

Измените на Изборниот законик е важно прашање и е дел од реформската агенда. Тоа вчера го нагласи и министерот за Европски прашања Беким Сали.

– Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор затоа што износот што го споменуваме е осум милиони евра за секој чекор. Меѓутоа, дали финансискиот дел е главниот мотив или, пак, исполнувањето на тој чекор, со цел функционирање на системот, е наша цел. Сметам дека како политичари треба да мислиме на идните процеси. Секако, и финансискиот дел е една инфузија за нашиот финансиски систем. Меѓутоа, ние како политичари треба да преземеме одговорност за иднината на државата и тука изборите ни се многу битен фактор – изјави Сали.

Што предвидуваат измените на Изборниот законик

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е добро измените да се договорат со консензус иако во пракса тој може да се донесе и без гласовите од СДСМ бидејќи тој се носи со просто мнозинство од 61 глас.

Во работните групи за Изборниот законик се разговара за повеќе прашања како штo е една изборна единица, изборен праг, финансирањето на партиите за изборите… Секоја партија излегува со свои предлози и се дискутира. И денеска работните групи ќе имаат состанок. Потребен е консензус од сите партии но Изборниот законик се носи со 61 пратеник и не се неопходни гласовите од СДСМ, објасни за „Република“ Мицевски.

Поврзани вести