
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М изјави дека премиерот Христијан Мицкоски во услови на криза не презема конкретни мерки, туку, според него, се однесува како аналитичар.
Филипче посочи дека власта не прифаќа предлози на опозицијата, меѓу кои зголемување на минималната плата, ограничување на цените на основните производи и на горивата.
Тој оцени дека Владата нема одговори за клучните економски прашања и животниот стандард на граѓаните, како и дека со политиките што ги спроведува не придонесува за напредок на државата.
Во интервјуто, Филипче истакна и дека со линеарното зголемување на пензиите се нарушува пензискиот систем и, според него, пензионерите се оштетени.

Македонски



